Екс-шефот на македонското воено разузнавање пронајден мртов

Поранешниот воен разузнавач Горан Софески утрово е пронајден мртов, јавува Плусинфо без да го открие местото на настанот. Според порталот, Софески вчера попладне бил пријавен во полициската станица во Кичево како исчезнат откако тргнал на лов.
Од полицијата не може да се добие информација за овој случај а медиумите кои важат за блиски до опозицијата пишуваат дека на местото се упатиле екипи на полициските Тигри и на АРМ.
Неофицијалните информации од полициските екипи на терен велат дека на неговото тело немало траги на насилство. За оваа информација се уште немаме ниту потврда ниту демант од МВР

 
 
23.11.2015 - 12:11
Фото: 
Плусинфо

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа