Терористот кој го нападна стадионот во Париз регистриран во Грција

Според некои информации, еден од учесниците во бомбашкиот напад на стадионот во Париз на 13 ноември, во Европа стигнал преку Грција, јави денеска „То Вима“.

Весникот наведува дека француските власти објавија фотографија на еден од терористите, кои учествуваа во самоубиствениот бомбашки напад на стадионот во Париз на 13 ноември и повикаа да се јави секој што има некакви информации во врска со лицето на фотографијата.

Според грчката телевизија „Мега“,осомничениот бил регистриран на островот Лерос, пред да замине кон централна Европа. Телевизијата исто така јави дека Франција во Грција ќе испрати одреден број полицајци за борба против тероризмот

 
 
23.11.2015 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега