Тинејџерката која побегна во Сирија брутално мачена и убиена

 

Самра Кешиновиќ, 16-годишната Австралијанка со босанско потекло која побегна во Сирија пред неколку години, била брутално мачена и убиена. Откако видела дека таму нема да биде како што очекува, тинејџерката се обидела да избега, но обидот завршил неславно и го платила со својот живот.

Како што вели изворот на австралискиот портал 24, Самра која со својата другарка Сабина Селимовиќ(15), побегна во Сирија во 2014, ја снашла тешка судбина. Таа била претепана до смрт додека се обидувала да побегне од местото каде била чувана.

-Не не барајте нас, го славиме Алах и за него ќе умреме, изјавија тие кога побегнаа пролетта 2014. Самра најверојатно родила и дете во Сирија пред да биде убиена.

Таа и нејзината една година помлада другарка живееле во куќа со други жени на припадник на ИСИЛ. Кога се обиделе да избегаат им бил одземен животот.

 
 
24.11.2015 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега