Сарачини: Еурокомпозит најблиску до инвеститор - за Охис се преговара

Денеска министерот за економија Сарачини изјави дека Еурокомпозит од Прилеп моментално е најблиску до решение на статусот од сите четири загубари, бидејќи ситуацијата внатре е малку постабилна во однос на другите.
 
-Минатата недела имавме средба со хрватската компанија „Ѓуро Ѓаковиќ“ која е многу  заинтересирана да инвестира  во Еурокомпозит. За ОХИС долго време се обидуваме да најдеме заеднички интерес со двајца инвеститори, еден од Бугарија и еден од Германија. Веќе сме многу блиску да се договориме во однос  на тендерската документација и условите кои ние ги нудиме и кои тие ги бараат. Очекувам дека во наредниот период ќе успееме да објавиме тендер кој ќе биде усогласен со неколку инвеститори со цел конечно да ги решиме прашањата кои се отворени со загубарите, изјави Сарачини, одговарајќи на прашање по средбата со претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски во просториите на Заедницата.
  
-За денеска немам закажано средба со инвеститор од Германија заинтересиран за ОХИС, прецизира Сарачини. 

најчитано сега