Знаете ли зошто најпопуларните цигари во Југославија се пакувани обратно?

Познатите цигари „Филтер 57“ во меко пакување беа супер популарни на просторите на поранешна Југославија. Цигарите 57 се посебни по тоа што се свртени наопаку односно кога ја вадите цигарата не ја фаќате за филтер туку за нејзиниот горен дел.

Овие цигари најмногу ги купуваа работниците а нивното идејно решение им овозможуваше на механичарите, ѕидарите и другите да можат наспроти валканите раце да стават чист филтер во уста.

Филтер 57 беше прва филтер цигара на просторите на поранешна Југославија од погонот на тогашната фабрика Тобачна од Љубљана.

 
 
30.11.2015 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега