Се збогува со фановите: Познатата пејачка се откажа од кариерата

Шинејд О'Kонор одлучила да си ги скрати маките, па се предозирала во хотелска соба во Ирска.

Пејачката се пријавила под лажно име, изнајмила соба, па напишала проштална порака на Facebook.

„Ова е повеќе од тоа што една жена може да го поднесе. Она со што требаше да се соочам оваа недела е сурово и неподносливо. Моето семејство ме остави сама. За нив станав невидлива. Па еве - успеавте да се решите од мене. Се предозирав. Немам друг начин да добијам почит. Не сум дома, во хотел сум, некаде во Ирска, под друго име. Ова да не го објавам, моите деца и семејството воопшто нема да дознаат. Никој не се интересира за мене. Можев да бидам мртва досега и немаше да знаат. Јас сум очајна мајка и личност... Ми треба нов дом, нова работа. Нов живот. Со пеењето завршив. Станав невидлива. Пеењето ми ја уби душата. Го изгубив својот идентитет. Немам семејство. Немам дом. Немам работа“, напиша пејачката.

Фановите и оставија илјадници пораки за поддршка и ја замолија да продолжи понатаму.

Полицијата подоцна потврди дека пејачката е пронајдена и дека и е пружена соодветна помош.

 
 
30.11.2015 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега