Овој зачин го имате дома, а дали знаете дека лекува забоболка?

Ако ве мачи забоболка, обидете се да ја излекувате со овој феноменален природен лек кој делува како анестетик.

Ако ве боли забот, а сè уште не сте собрале храброст или немате време да отидете на стоматолог, пробајте го еден од најдобрите природни лекови за забоболка – каранфилчето.

Кај нас, каранфилчето е познато како зачин или додаток за варено вино, а во Индија се користи за готвење јадења кои потешко се варат и против – забоболка.

Како делува?

Штом ќе почувствувате болка во забот или непцето, ставете го каранфилчето на болното место и цврсто загризете. Држете така 15 минути до половина час. Болката постепено ќе се намалува, а потоа сосема ќе исчезне.

Кога болката во забот е посилна, користете масло од каранфилче (може да се набави во билни аптеки) кое делува как анестетик.

Откако ќе го ставите каранфилчето на болното место (на непцето над забот или под болниот заб, измасирајте малку масло од каранфилче) – болката ќе се ублажи во рекорден рок, како кога кај стоматологот ќе добиете анестезија.

Покрај анестетското делување, маслото од каранфилче делува против инфекции, па ја ублажува и причината за болката, а добро е и за свеж здив. Присутноста на еугенол во каранфилчето е заслужна за неговата убава арома, а исто така помага и во затапување на денталната болка и отстранување на бактериите од усната празнина.

Исто така, џвакањето на каранфилче може да ги ублажи и вашите дигестивни проблеми.

 
 
15.12.2015 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега