Неочекувано признание на водителката на Големиот Брат

Најлудото издание на Големиот Брат до сега, овогодинешното на кое победи кумановчанецот Дарко Спејко, дефинитивно докажа дека скромноста и искреноста се исплатат. Дарко кој е неверојатно воспитан, културен, искрен и скромен ги однесе во родното Куманово 100.000 евра. Освен што ги гледавме станарите, некои 100 дена, некои и помалку, со сите нивни среќни и тажни мигови, згоди и незгоди, кои секако го направија шоуто такво какво што е, тука беа и водителите, раперот Скај и преубавата Антонија, кои секако се погрижија за забавата.

Она што периодов сите ја прашуваа Антонија, особено со оглед на тоа дека посотјано носеше капути, беше дали е бремена, а таа на сите им одговори на селфито кое го направи со станарите, кое доби 70.000 лајкови и ги сруши рекордите. Немам што да признаам, напиша убавата Хрватица, со што им откри на фановите дека не го очекува своето прво дете.

За потсетување, големото финале се случи во саботата. На четврта позиција како единствена дама меѓу сите мажи беше Барбара, потоа трет беше Ервин, второто место го зазеде Горан, а големата победа ја однесе Македонецот Дарко.

 

 
 
15.12.2015 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега