Нека вашиот дом мириса на празници: Еве како да направите „човечиња“ колачи

Колачињата од ѓумбир се мнгу популарни во западните држави и без нив не може да се замисли празничната трпеза. Еве како да припремите „човечиња од ѓумбир“.

Потребно ви е:

- 350 грама брашно

- 175 грама кафеав шеќер

- 1 јајце

- 1 прашак за пециво

- 2 ќесички мелен ѓумбир

- 1 лажица цимет

- 4 лажици мед

Припремата е едноставна:

Помешајте ги сите состојки и месете ги додека не се формира тесто.

Засукајте го тестото на околу 1 сантиметар дебелина и со калапи во форма на човек, вадете го тестото и ставете го на подмчкан плех.

На претходно загреана рерна ставете ги да се печат на 180 степени околу 15 минути.

Кога ќе се изладат можете да ги украсите со шлаг или некој друг крем.

 
 
23.12.2015 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега