Ограбена црква во тетовско

Во временски период од 15 декември 2015 година до 1 јануари годинава на местото “Чука“ атар на селото Волковија, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во црквата „Св.Ѓорѓија“, при што се одземени околу 3.000 денари и 10 мали икони од различни светци. 

Како што соопшти МВР, непознатиот сторител преку покривот на црквата влегол во канбанаријата и низ незаклучената врата по скали влегол во црквата. Потоа од ѕидот ја откорнал касата, по што извршил пребарување и претурање по фиоките, ги одзел наведените предмети и го напуштил местото на настанот.

Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот. 

 
 
02.01.2016 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега