Филмска потера: Полицијата пет часа го бркала синот на познатата пејачка!
Проблематичниот син на познатата пејачка не престанува да ги крши законите и да прави проблеми со полицијата.
Мирзад Бркиќ, синот на Ханка Палдум, минатата година и побегна на полицијата, но неуспешно бидејќи тогаш беше уапсен.
Кон крајот на изминатата година, односно на 17-ти декември, за време на судењето Бркиќ го искористил невниманието на полицајците во судницата и побегнал криејќи се во сариот дел на Сараево.
Синот на босанската пејачка речиси пет часа бил во бегство, а повеќето полицајци што учествувале во филмската потера низ улиците на градот, на крајот го пронашле и го уапсиле.
Имено, на 14-ти јануари 2014 година, Мирзад под дејство на наркотици предизвика сообраќајна несреќа во која беа повредени три жени пешаци.
Извор: Вистина.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа