Статистика: Пониски продажните цени на индустриските производи

Државниот завод за статистика објави денеска дека продажните цени на производителите на индустриски производи, во мај годинава бележат пад за 1,4 проценти на месечно ниво и за 2,4 проценти на годишно ниво.

Во мај 2013 во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење камен и во секторот преработувачка индустрија за 1,6 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0,8 отсто. Во мај 2013, во споредба со мај 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење камен за 0,3 отсто, во секторот преработувачка индустрија за 3,7 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 13,2 отсто.

ФОТО: Канал 5

најчитано сега