По соѕвездието, Дејвид Боуви доби и свој Ден

Откако еден пингвин и едно соѕвездие се именувани по него, легендарниот британски музичар доби уште едно признание. Њујорк, градот во кој Боуви помина 20 години од својот живот, го прогласи 20 јануари за Ден на Дејвид Боуви.

Како што пренесува Би-Би-Си, Денот на Дејвид Боуви официјално е прогласен од градоначалникот Бил де Блазио по завршувањето на последната изведба на мјузиклот Лазарус на кој славниот рокер работел до последниот ден.

Боуви во Њујорк живеел повеќе од 20 години, подолго отколку било на кое друго место и често знаел да каже дека се чувствува како њујоркчанин.

 
 
22.01.2016 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега