Страшна несреќа на Илинденска: Автомобилот превртен на покрив, сообраќајот блокиран

Страотна сообраќајка се случи утрово на булеварот Илинден, во непосредна близина на Гимназијата Орце Николов. На десната страна од булеварот превртено на покрив стои едно возило.

На булеварот видливи се траги од ударот на возилото во средишната бетонска жардињера, пишува Сител.

Засега нема информации за повредени во сообраќајката, поради која беше и стопириран сообраќајот.

 

 
 
31.01.2016 - 10:16
Фото: 
СИТЕЛ

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега