ФОТО: Ова е монструмот кој го уби таксистот - тој не му бил прва жртва
20-годишното момче Милан Илиќ од Шабац, осомничено за убиството на таксистот Чедомир Поповиќ, на сослушување во полиција признало дека го убило несреќниот 61-годишен маж. Тој пред ова убиство убил и бездомник, што значи дека се товари за повеќе дела.
Милан Илич иедна година помладиот Милан Петровиќ се уапсени под сомнение дека на свиреп начин го убиле таксистот од „Сити такси", за да не платат 2.390 динари. Возачот кобниот ден се јавил кај диспечерките да каже дека вози две млади момчиња, и ја кажал дестинацијата. Во 19 и 42 тој се јавил во диспечерскиот центар и рекол "Избоден сум со нож, многу крварам, помагајте!".
Тешко ранет бил пронајден од полицијата, на која успеал да и раскаже дека го избоделе две млади момчиња. За жал, починал за време на операцијата која му ја правеле лекарите, поради обилно крварење.
По овој настан таксистите организираа протест за својата безбедност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа