Две години ја силувал ќерка и пред нејзини очи - таа не пријавила во полиција
Две години ми го силуваше детето, се плашев да признаам за нејзиниот живот, да не и се случи нешто. Се закануваше дека ќе не убие сите ако се дознае. Со овие зборови ја започнува својата потресна приказна една мајка од Суботица, која заедно со децата поминала низ пекол.
Ж.Ф. која е мајка на 17-годишната Х.Ф. од место близу Суботица, вели дека нејзиниот 41-годишен невенчан сопруг Д.Д. цели две години се изживувал врз ќерка и, но се плашела да пријави во полиција за да не се случи нешто полошо. Монструмот завчера бил конечно уапсен и сега ќе плати за грозоморното силување кое го направил.
- Сега нема каде да одиме, но не можам во оваа куќа, со години молчевме, но се плашевме за својот живот, вели мајката низ солзи за српскиот Курир.
Додава дека секој ден се плашеле за својот живот а навечер трпеле тортура. Децата не ја обвинуваат бидејќи и самите знаат низ што поминала мајка им со тој човек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа