Уште еден живот згасна на патиштата: Страшна сообраќајка ја потресе Македонија
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера вечерта околу 20 часот на локалниот пат Штип-Село Драгоево, во која за жал едно лице загинало.
Од МВР информираат дека до несреќата дошло кога 49 годишниот Емил Д. од Штип управувајќи „Цитроен Ц5“ со бугарски ознаки, излетал од патот и се превртел.
Во сообраќајката животот го загубил возачот Емил чија смрт е констатирана по пренесувањето во штипската клиничка болница. Со тешки повреди се здобил сопатникот З.К. (49), а со полесни вториот сопатник Д.Ѓ.(50), двајцата од Штип кои се задржани на натамошно лекување.
На местото на несреќата извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, додека автомобилот на технички преглед.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа