Се заглавил во грмушки па паднал на бетон: Несреќа во Карбинци

 

Вчера во 19  часот во селото Таринци во општина Карбинци настанала расправија и тепачка помеѓу 40-годишниот Р.С. од Штип и 27-годишниот И.К. од селото. Според податоците од полицијата, во еден момент Р.С. замавнал со рака кон И.К. удирајќи во пределот на десното око. Во тој момент И.К. го турнал кон борчиња во кои истиот се заглавил и не можел да излезе. Кога излегувал се сопнал и паднал на бетон и останал да лежи околу 5 минути. Лицата се алкотестирани. Кај И.К. не е констатирано присуство на алкохол во организмот, а кај Р.С. утврдени биле 0.68 промили.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
15.02.2016 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега