Синоќа избил пожар во зградата на МТВ

Вчера околу 21 часот избил пожар во зградата на МТВ.

Како што пренесе Министерството за внатрешни работи, пожарот избил во подрумските простории на  телевизијата, откако се запалил апарат за ладење и греење вода.

Со пожарот се справил еден од вработените во МТВ.

Полицијата денеска ќе изврши увид.

ФОТО: Дневник