Кочанчанец ја оштетил фирмата каде работи за 144.000 денари

47-годишниот З.Б. од кочанско кој е претседател на Управен одбор на Водна Заедница „Тркање“ ја злоупотребил својата службена положба така што минатата година без одлуки на Управниот одбор подигнал вештачко ѓубре од друштво од Облешево за потребите на Водната заедница, а потоа ѓубрето го дал на две физички лица за нивни потреби.

За да го прикрие ваквото работење, во име на членовите на Управниот одбор изготвил одлуки за вонредно ангажирање на лицата и нивна исплата.

На овој начин, пријавениот и нанел штета на Водната Заедница во износ од 144.630 денари.

најчитано сега