Гостивар: Воз удри во камион - двајца во болница

Воз удрил во тешко товарно возило на патниот премин преку железничката пруга кај селото Врановци, близу Гостивар. Како што дознава Press24 несреќата се случила попладнево околу 13:30 часот кога камионот ја минувал пругата. На повреди се пожалиле возачот на камионот и еден патник од возот. И двајцата се префрлени во Медицинскиот центар во Гостивар. Од полицијата ја потврдуваат оаа информација и велат дека мнивните екипи вршат увид