Три лица се повредени откако воз удри во кран во Гостивар - еве што се случувало

Денеска како што дозна Прес 24 воз удрил во тешко товарно возило на патниот премин преку железничката пруга кај селото Врановци, близу Гостивар околу 13 часот и 30 минути.

Како што потврди МВР, до несреќата дошло кога патничкиот воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје удрил во машина со кран која работела покрај пругата, во близина на гостиварското село Тумчевиште. 

Со повреди се здобиле 48-годишниот машиновозач З.А. 28-годишниот управувач на работната машина Д.Н. од Охрид, како и 63-годишниот А.Ц. од Скопје.

Патниците од возот се пренесени со автобус до дестинациите на кои патувале.

На местото на настанот увид врши истражен судија и крим-техника кои треба да ги утврдат причините и материјалната штета од несреќата.

Повредените лица за среќа не поминале со серизони повреди и се пуштени на домашно лекување.

најчитано сега