Страшна несреќа во Прилеп: Излетале од патот директно во бетонски столб

Во три часот по полноќ во Прилеп на улицата Карпалак се случила страшна сообраќајка. Според податоците од полицијата, возило Лада, со прилепска регистрација, управувано од 47-годишниот З.В. од Прилеп загубило контрола и излетало од патот, по што удрило во бетонски столб. Во несреќата, и возачот и неговиот сопатник Р.И. се тешко повредени и итно пренесени во болница.

Ќе бидат задржани под лекарски надзор.

 
 
03.03.2016 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега