Ноќ со многу несреќи во Скопје: Повредени осум лица

На подрачјето на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои три се со последици материјална штета, осум со последица телесни повреди. Со полесни повреди се здобиле осум лица.

Во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, соопшти самостојниот инспектор во СВР - Скопје Драган Вељаноски, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци. Санкционирани се дваесет возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, а четворица возачи се исклучени од сообраќај затоа што ги управувале своите возила под дејство на алкохол.  Тројца возачи поминале на црвено светло на семафорот, 6 возачи за време на управување на моторните возила не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Пет  пешаци поминале вон обележан пешачки премин, или пак поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 79 возила.

 

 

 
 
08.03.2016 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега