Хаос пред Судот: Се палеа знамиња

Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Војислав Шешељ денеска пред зградата на Специјалниот суд во Белград запали знамиња на ЕУ и НАТО, јави Танјуг.

Шешиљ денеска требаше да биде сослушан во Специјалниот суд во врска со барањето на Хашкиот суд за неговото предавање на Трибуналот, каде на 31 март треба да му биде изречена првостепена пресуда, но сослушувањето беше откажано поради процедурални причини. 

Шешељ пред Судот изјави дека сослушувањето е откажано, бидејќи Советот на Меѓународниот суд во Хаг не испратил одговор на барањето на Србија за одредени процедурални прашања. 

- Едвај чекам рочиштето повторно да биде закажано за да им објаснам од кои правни причини не може да бидам предаден на Хашкиот трибунал, напомена лидерот на српските радикали.

Шешиљ истакна дека Србија повеќе не е назависна по потпишувањето на договорот со НАТО и во знак на протест поради тоа ги запали знамињата на ЕУ и НАТО. 

 
 
10.03.2016 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега