Трагедија: Загина рудар

Еден рудар загина откако при несреќа останал заробен во една од јамите на рудникот за јаглен „Бановиќи“ во Босна и Херцеговина.

Како што соопшти портпаролот на полицијата во Тузла, Изудин Шариќ, загинатиот е 41-годишен жител на Бановиќи.

Несреќата се случила откако се урнал еден од носечките столбови во јамата.

На местото на несреќата заедно со загинатиот биле уште петмина рудари, кои успеале да се извлечат од јамата.

 
 
11.03.2016 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега