Познатиот актер од „Луд збунет нормален" ќе лежи во затвор

Босанскиот актер Емир Хаџихафизбеговиќ ја доби пресудата. Актерот е осуден на една година затвор, односно 4 години условно поради предизвикување на сообраќајна несреќа во 2014 година го која животот го загуби Аница Кудуз.

Тој нема да мора да помине 12 месеци во затвор, доколку во период од четири години не напрваи исто или слично дело во Хрватска. Судската пресуда е донесена врз основа на спогодба меѓу актерот и ќерката на починатата.

Несреќата се случила на автопат во Хрватска на 12 октомври 2014 година кога Хаџихафизбеговиќ се враќал од Сараево во Загреб, па со автомобилот удрил во жената која починала на лице место.

По увидот и вештачењето било утврдено дека актерот возел со брзина поголема од дозволената, поради работи на мост. Со намера да избегне паркирано возило на патот, Емир свртел десно и удрил во Аница која се наоѓала надвор од автомобилот.

 
 
12.03.2016 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега