Кумановско Лојане под опсада на голем број полициски специјалци - во тек голема акција

Припадници на специјалните полициски единици утрово го запоседнаа кумановско Лојане. Како што дознава Press24 од свои полициски извори, во тек е голема акција за приведување лица вклучени во меѓународни канали за криумчарење мигранти. Нашите извори велат дека претресите се уште се во тек. Според информациите, до овој момент, приведени се неколку лица и откриени десетина мигранти меѓу кои има и малолетници. 
Од полицијата за Press24 ја потврдуваат оваа информација. Повеќе детали најавуваат во текот на денот

најчитано сега