Го врзале и малтретирале: "Дај ни пари, ние сме на Аркан!"
Тројца разбојници претепале и ограбиле пензионер. Настанот се случил во Ниш во куќата на 79-годишниот Кемал Шакир каде во три часот по полноќ дошле разбојниците, ја скршиле вратата и му приредиле хорор.
- Спиев кога слушнав врева. Дојдоа тројца мажи, ме свртеа кон нив и почнаа да викаат, Каде се парите, ние сме на Аркан...Ги молев да престанат, но ме претепаа. Ми искршија се дома, вели несреќниот старец.
Тие му земале 10.000 динари од пензијата и 650 евра. Со кабли му ги врзале рацете и нозете и го тепале изнемоштениот старец.
Старецот вели дека е Турчин по потекло, има мирен живот и никому не згрешил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа