Велес: „Офицерски“ заминува во историјата, доаѓа „ Градска куќа“

Локалната власт влезе во Офицерски дом. Градежните работи започнаа. Просторот ќе добие нов лик а зградата ќе прерасне во Градска куќа.  

За потребите на Oпштината горните катови  ќе бидат репрезентативен дел каде ќе се одржуваат повеќе манифестации, додека приземјето  ќе биде преуреден во матична служба.

„Можеме д аконстатираме дека објектот е тотално уништен, запуштен но токму то аза нас преставува  предизвик ние со едно добро идејно решение  кое ќе биде преставено пред граѓаните на општина Велес започнеме со реконструкцијата и средувањето н аова место кое треба да биде продолжение на целиот овој блок, зесдо со театарот со парккот и новата црква“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.

Исоравена е неправдата кон велешани напреавена во едно нетака далечно минато кога партиските бизнис интереси беа поважни од интересот на општината и нејзините жители, рече пратеникот Илија  Димовски кој заедно со пратеникот Коџабашиев и Николовски ки имат канцеларии за средби со граѓаните.

„ Владата на РМ одлучи и градскиот стадион да го отстапи на Општина Велес многу наскоро ќе започне и реконструкцијата на патниот правец кон селото Иванковци , што значи дека овие неколку месеци од функционирање на локалната самоуправа се одличен пример како една општина треб ада функционира и самата какао автохтона орган избран од граѓаните и во нејзината соработка со центарланта власт“, рече Илија Димовски.

Реконструкцијата на објектот ќе се изведува во неколку фази.Потребните средства општината ги обезбедува од сопствениот буџет. За хортикултурното уредување околу објектот задолжени се од ЈКП Дервен, тие  треба да го осмислат целиот зелен појас  кој ќе ги поврзува Гимназијата Кочо Рацин,новата црква Свети Кирил и Методиј,  Младинскиот парк и зградата на Народниот театар ЈХК Џинот. Краен рок кога работите ќе бидат готови засега нема бидејки желбата на локалната власт е  изградба на објект на кој горди ќе бидат сите велешани.

 

Некогашнот Офицерски дом, беше угостителски објект за кој една деценија се водеше судски спор. Откако државата го доби спород пред петнаесретина дена и го преостапи на општина Велес.  

најчитано сега