ФОТО: Тешка сообраќајка во Карпош - Пунто се преврте на кров

Сообраќајна несреќа се случи попладнево на улицата „Никола Тесна“ во скопската населба Карпош 1.

Во сообраќајката учествувале возило марка „Фиат пунто“ со скопски регистарски таблички и автомобил „Форд фиеста“ со светиниколски таблички.

До несреќата најверојатно дошло во моментот кога возилото „фиеста“ излегувало од попречна уличка, при што се случил директен судир со „пунтото“ кое по сè изгледа се движело од булеварот „Партизански одреди“ кон булеварот „Илинден“.

Според очевидците, во сообраќајната незгода нема потешко повредени, а во моментов екипа на МВР прави увид на местото на настанот.

 
 
25.03.2016 - 18:15
Фото: 
Телеграф.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега