Синоќа хаос во Скопје: Повредени 11 лица

На подрачјето на град Скопје во текот на вчерашниот ден се случиле вкупно 14 сообраќајни незгоди, од кои осум се со последица материјална штета, додека во шест 11 лица се здобиле со повреди.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци. 

Шеесет и четири возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор и тројца возачи не го почитувале правилото за првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Санкционирани се и 12 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци. 

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 72 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во основните училишта „Лирија“ и „Тефејуз“ кои се наоѓаат на територијата на општина Чаир.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 
 
30.03.2016 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега