Девојката на починатиот Маринко „умре" заедно со него
Лана Секулиќ, девојката на пејачот на Фламингоси, Маринко Маџгаљ кој го загуби животот, не излегува од својот стан скршена од болка. Таа земала слободни денови, не се појавила на работа откако е погребан Маринко, нејзината најголема љубов.
- Не доаѓа на работното место, неутешна е постојано седи и плаче. Тешко ја поднесе целата ситуација. За време на болеста не се делеше од него. Нон-стоп правеше се што може да му помогне. Без него веќе не е иста, вели извор за српскиот Курир.
Тие беа во врска неколку години откако актерот се разведе од сопругата со која има ќеркичка.
Тој почина по долга борба со тешка болест-рак на панкреасот. Имаше само 38 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа