Цела естрада кај свекрвата на убиената пејачка - по несреќата и се јавила Богородица и тогаш...

Трагично настраданата Јелена Крсмановиќ последните години од животот и помагала на својата свекрва која се занимава со биоенергија и исцелување. Цела естрада доаѓала во нивната куќа.

Убиството на пејачката за која секој ден има нова трага е во центарот на медиумскиот интерес како во Србија така и во регионот, а најновите податоци до кои дојдоа српските медиуми говорат дека нејзината свекрва Зорица Марјановиќ се занимава со исцелување и биоенергија и помагала на народот, а кај неа доаѓале и бројни познати личности од естрадата.

И Јелена заедно со сопругот и петгодишната ќеркичка Јана живеела во таа куќа. 

Зорица со исцелување почнала да се бави кога доживеала несреќа пред 20 години. Додека се борела за живот и се укажала Богородица и и рекла дека нејзина мисија е да помага на луѓето.

- Твоја мисија е да им помагаш на луѓето, а јас ќе ти го покажам патот, ќе те научам како, и рекла Богородица на Зорица, вели сведок и додава дека веднаш штом се опоравила од нерсеќата домот го исполнила со икони и цвеќе, примала луѓе, помагала и разговарала со нив.

Убиената пејачка долго и помагала на свекрвата.

 

 
 
14.04.2016 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега