Синот на сопственикот на ТВ ПИНК усмртил малолетна девојка - еве што се случило

Александар Миторвиќ (23) е обвинет дека на 18 јули 2013 година предизвикал сообраќајна несреќа во која настрадала Андреја Бојаниќ (17).

Тој во четвртокот пред судијата рекол ека после несреќата свртил кон една уличка го повикал својот татко Жељко Митровиќ и заедно отишле во полиција. 

- Кога пред себе ја здогледав девојката, ја стиснав педалата за гас почнав да кочам и да свирам. Не сум сигурен дали успеав да закочам пред контактот. Ударот беше силен. Се брзо се случи. Се уплашив и продолжив да возам. Тоа за мене беше шок. Свртев кон една улица и го повикав татко ми, кој дојде по мене, а потоа заедно отидовме во полиција. Жал ми е поради се. Ова случување целосно го смени мојот живот, рекол Александар Миторвиќ во четвртокот за време на судењето. 

Од силните удари, Андреа излетала 29 метри, а Миторовиќ без запирање продолжил да вози

- По мојата проценка возев од 70 до 80 километри на час и знам дека на мене ми беше запалено зеленото светло. Во еден момент видов група на пешаци од мојата лева страна кои чекаа да преминат улица. Потоа од десната страна здогледав еден чоек пред пешачкио премин, веројатно сакал да помине улица, но се вратил на тротоарот кога ме видел. Мене ми беше зелено светло, рекол синот на Жељко Миторвиќ сопственикот на Пинк ТВ. 

Обвинениот рекол дека кога го исправил погледот здогледал девојче кое претрчува, а на прашањето зашто не повикал Итна помош или полиција, Александар одговорив.

- Бев во шок, не знаев што да правам

Мајката на покојната Андреа, Ема рекла на судењето дека на местот на несреќата дошла пет минути подоцна и додала дека никој од Митровиќ не е изјавил сочуство. 

- Го видов телото колку е одалечено од пешачкио премин. Пријдов, ја препознав својата ќерка. Никој од семејството Миторвиќ, не дојде да ми изрази сочуство. Тоа нормално ништо не би променило, но би било човечки гест. Свесна сум дека живото ми е уништен и дека ништо нема да се промени, но затоа сакам правда за својата ќерка, рекла мајката на покојното девојче

 

 

 
 
18.04.2016 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега