Спречен ценовен шок: Горивата требаше да поскапат на 100 денари по литар

Американската „лесна“ нафта поскапи за 12 центи на 44,3 долари за барел, додека северноморската нафта од типот „брент“ за испорака во јуни, која се увезува и во Македонија од денеска е поскапа за 8 центи и чини 45,88 долари за барел.

Релативно ниската цена на најбараниот енергенс во светот ја одржува Иран, држава која и натаму се противи на барањата на останатите членки на ОПЕК за ограничување на производството и со тоа зголемување на цените.

Токму Иран беше државата поради која пропадна долго најавуваниот договор меѓу Русија и Саудијска Арабија со кој требаше за помалку од една недела цената на нафтата на берзите да поскапи за повеќе од 50% проценти и да ја надмине сумата од 60 долари за барел, а до крајот на годината да надмине и 100 долари.

Но официјален Техеран останува на ставот дека по укинувањето на санкциите поради нуклеарната програма, земјата ќе продолжи да го зголемува производството на „црното злато“

За македонските услови, тоа е одлична вест. Се додека нема договор меѓу големите производители ние може да се надеваме на релативно ниски и прифатливи цени на нафтените деривати.

Иако постои тренд на постепено благо поскапување на нафтата и бензините во Македонија, сепак цената и натаму останува прифатлива и е далеку од оние над 90 денари кои ги имавме пред неколку месеци.

До следната корекција во Македонија има уште десетина дена, а и тогаш не се очекува некое позначително движење на цените. Можно е поскапување меѓу половина и еден денар.

 
 
22.04.2016 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега