Таткото Зоран проговори за најавата на Премиерот Александар Вучиќ
Владимир Марјановиќ, свекорот на монструзно убиената пејачка Јелена Марјановиќ, во телефонскиот разговор за српските медиуми вели дека не сака да ги коментира најавите за апсењето на убиецот, туку ќе бидат прикажани подоцна.
Маријановиќ наведе дека не знаат ништо ново, како и дека не знае кој фрлил стигма на неговото семејство.
-Каков да бидам? Ништо немам да изјавам, ништо... Одговорил Владимир на прашањето што има ново и како се.
Сепак на прашањата што мисли за најавата на премиерот дека убиецот ќе биде уапсен многу брзо, и дали очекуваат ситуацијата да се сврти во нивна корист, изјавил:
- Вие тоа најдобро го знаете, јас не знам, рекол Владимир Марјановиќ.
Инаку Марјановиќи денеска буквално не излегуваат од куќата. Во неколку наврати Владимир поминувал покрај капијата, но чим видел новинари избегал.
Кога новинарите се доближиле кон капијата и прашале за изјавата на премиерот, бесно извикал „Супер ако Премиерот најавил, тоа ни е единствена надеж“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа