Очевидец на убиството на Јелена подготвен да сведочи? Во полицијата се јавил човек кој има клучен доказ

 

По речиси три недели од убиството на Јелена Марјановиќ, полицијата интензивно работи на разрешување на злочинот кој го потресе целиот регион.

Инспекторите и форензичарите секојдневно го чешлаат насипот во Црвенка, околните куќи, а истовремено ги испитуваат сите кои би можеле да бидат поврзани со овој стравичен злочин.

Според пишувањето на белградските медиуми, поместување и пресврт во истрагата во сосема нов правец би можел да направи човек кој се јавил во полиција, за да сведочи во врска со убиството. Неговата изјава би можела да биде клучна и конечно да доведе до убиецот, пренесува Пинк.

Кругот околу сторителот се повеќе се смалува и стеснува, а најавени се и апсења во наредните неколку дена.

Свекорот на брутално убиената пејачка изјави за новинарите дека од трагедијата на неговата фамилија е направено реално шоу и најави дека, откако убиството ќе се расветли, што може да се случи набрзо, ќе поднесе тужби.

 

 

 
 
22.04.2016 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега