ТРАГЕДИЈА: Го избодел право во срце затоа што зборувал прегласно

 

25 годишниот Милош Голубовиќ е убиен со кујнски нож недалеку од својата куќа во Лесковац, Србија

Него во срце право го избодел Стеван Стошиќ(21) после кратка расправа. Според наодите на лекарите, на телото на Милош имало два убода од нож

- Едниот убод е покрај срцето, а другиот право во срцето. Претпоставуваме дека починал на лице место, вели Милан Стојковиќ од Општата болница во Лесковац.

Другарите на Милош, кои биле собрани во еден кафич во Лесковац велат дека тој страдал затоа што зборел гласно.

-Се враќаше до пријател од град и малку погласно разговарале додека проаѓале покрај куќата на убиецот. Тој почнал да ги пцуе од тарасата, а они почнале да се расправаат со него. Стеван истрчал од куќата и го избодел, велат пријателите на Милош

Убиецот ја оставил жртвата на асфалтот и избегал. Полицијата го пронашла денеска околу 13 часот и го уапсила.

 
 
24.04.2016 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега