Падна снег среде април

 

Снег денеска падна во Горски Котор, Лика, на планината Биоково и во Имотска краина, па дури на островот Брач, објавија хрватските медиуми, додавајќи дека временските услови ги изненадиле жителите, кои веќе се подготвувале за пролет.

На Биоково височината на снежната покривка достигнала околу 10 сантиметри, а температурата се спуштила на минус 10 степени Целзиусови.

Снег со височина до десетина сантиметри утрово падна и на подрачјето на општина Загвозд во Далматинско загорје, каде се задржал и во претпладневните часови.

 
 
25.04.2016 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега