„Љубовта ми го уби синот“ - таткото на Мирко раскажува за маките кои ги имал неговиот син

Мирко Фреј (32) од Шабац кој беше убиен во понеделникот, бил врзан и ѕверски мачен и претепан со дрвена палка, а неговото тело било пронајдено во оставата, дознва српски Курир. 

Во истиот стан пронајден бил и тешко повреден Жељко Митровиќ (47), поранешниот сопруг на девојката на Мирко, кој е првоосмничен за убиството. се претпоставува дека тој после злосторството самиот си го зарил ножот во градите.

Итна помош повикала жена

- Не знаеме дали Фреј починал од тепањето или од гушење бидејќи главата му била замотана со салојтеп. Во овој момент не е јасно ни кој го повредил Жељко во градите. Се претпоставува дека самиот се повредил, но повеќе детали ќе се знаат кога ќе се опорави од операцијата, вели извор за српски Курир. 

Делот околу зградата каде се случило убиството е под видео надзор. Како што дознава српски Курир, камерите го забележале Мирко Фреј во понеделникот околу 7 часот наутро како го паркира моторот кај влезната врата и легува внатре. Соседите велат дека тој ден од станот чудни звуци и молење на помош, но никој не повикал полција.

Екипата на српски Курир отишла во станот на Фреј и таму бил таткото на Мирко, а неговата сопруга била отсутна бидејќи се подготвувала за погребот.

- Го уби љубовта. Тој Жељко три години ни правеше проблеми. Го тепаше мојот Мирко каде и да го види, го бараше по кафантите да го тепа, мене гумите ми ги дупна од автомобилот. А Мирко едвај имаше 50 килограм,и, додека Жељко е огормен човек. Се  е тоа поради Андријана. не можеше да живее без неа, раскажал таткото на Мирко. 

 

 

 
 
27.04.2016 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега