Продолжува посетата на началникот на словачките Вооружени сили
Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Словачка, генерал Милан Максим, денеска ќе ги посети Центарот за обука на пилоти и реонот на караулата Богородица на македонско-грчката граница.
Ќе се запознае со активностите кои единиците на АРМ ги извршуваат за поддршка на единиците на МВР при справувањето со предизвиците од мигрантската криза.
Генерал Максим, кој од вчера е во посета на Македонија, ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Вчера беше примен од домаќинот, началникот на ГШ на АРМ Методија Величковски и министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа