Државниот долг намален, Македонија петта најмалку задолжена земја во Европа

Со државен долг од 36,8 отсто Македонија е петта најмалку задолжена земја во Европа. Во првиот квартал од 2016 година државниот долг на Македонија бележи намалување од 38 отсто на 36,8 отсто, додека јавниот долг од 46,5 на 45 отсто.

Повеќе задолжени од Македонија се Данска, Шведска, Финска, Холандија, Германија, Австрија, Велика Британија, Франција и други развиени европски економии. Што се однесува до земјите од регионот тие имаат двојно и повеќе од двојно поголем долг во однос на Македонија.

Во однос на тврдењата на дополнителниот заменик министер за финансии Наумов дека се направени манипулации во пресметката на долгот - потсетуваме дека оваа методологија на пресметка врз база на проектиран БДП се користи од 2002 година, односно кога министер за финансии бил од Социјал демократскиот сојуз. Не е точно дека никаде не се користи таа методологија, туку е различно од земја до земја.

Впрочем на крајот од секоја година се врши усогласување на јавниот долг со остварената стапка на раст на БДП.Така беше и во 2015 година кога стапката на долгот беше намалена бидејки растот на БДП ги надмина очекувањата.

 
 
28.04.2016 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега