Повисоки продажните цени на индустриските производители

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март годинава се повисоки за 0,5 отсто на месечно ниво, а за 0,1 отсто на годишно ниво. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во однос на претходниот месец продажните цени се повисоки во групите Енергија за 0,9 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7 и Капитални производи за 0,4 проценти, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во споредба со март 2015 година, продажните цени се повисоки во групите Капитални производи за 8,6 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,3 и Енергија за 1,4 отсто.

 
 
30.04.2016 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега