Ѓорѓевски: Мешањето на политиката во црквата е недозволиво

Кога апелирате да се меша политиката во целиот црковен спор тогаш е тоа недозволиво. Тоа е голем престап кој го прави Вранишковски т.е. српската страна што стои зад ова и таа го барала тој да излезе со ваков став, вели уредникот во „Дневник“ Бранко Ѓорѓевски во вестите на ТВ Нова.

-Не можете како црковен достоинственик да барате политиката да се меша во црковен спор, а тој тоа го бара во своите интервјуа, додаде Ѓорѓевски.

Според Ѓорѓевски, Вранишковски не бара притисок од српската политика за СПЦ да ја прифати афтокефалноста на МПЦ, но бара од македонските политичари да ја притиснат македонската црква.

-И едното и другото е недозволиво, тоа е голем грев што го прави, а нему очигледно тоа не му пречи. Тогаш за каква одделеност на црквата од државата може да станува збор, прашува Ѓорѓевски.

 
 
03.05.2016 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега