Европратеничката Маријана Петир посети сточарска фарма во Мажучиште

Хрватската европратеничка Маријана Петир,  од редовите на Народните партии, заедно со заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, во придружба на  градоначалникот на Прилеп,  Марјан Ристески денес беа во посета на сточарска фарма во селото Мажучиште, во сопственост на Стеван Јорданоски.

pratenicka-na-farma

Јорданоски е долгогодишен фармер и корисник на владини субвенции за развој на сточарството. Фармерот Јорданоски е сопственик на 30 грла крави,  кои  ги одгледува со сопствено производство на добиточна храна, што пак зачително ги намалува трошоците при производството на млеко.

pratenicka-na-farma2

Европратеничката Петир се запозна со начинот на стопанисување на македонските сточарски фарми, начинот на исхрана на добитокот за да се добие  поголема продуктивност и можностите кои оваа дејност, сточарството, им ја  нуди на едно македонско семејство.

pratenicka-farmata

Заменик-министерот Костадиновски  ја запозна европратеничката со државните субвенции што Владата ги дава за поддршка на овој земјоделски сектор, а општината ги поддржува сточарите  преку изградба на патна инфраструктура и  уредување на населните места.

 
 
05.05.2016 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега