Грција станува недостапна за македонските туристи - драстичен скок на цените

Тешката финансиска ситуација во која се наоѓа Грција ги натера властите во оваа земја да смислат нов начин за полнење со пари на буџетот на државата. Најновата мерка, која грчките власти планираат да им ја презентираат на меѓународните кредитори, се очекува да донесе финансиски придонес во државната каса од околу 15 милиони евра. Според медиумите во Грција, сите странски автомобили кои ќе влегуваат во Грција, ќе плаќаат транзитна такса. Секое возило со странски регистарски ознаки кое ќе влезе во Грција ќе добие налепница со чип за која ќе плаќа.

За сега нема информација од кога точно оваа мерка ќе стаи во сила и ќе почне да се применува. Грција на 20 јули, годинава, треба да исплати долг во висина од 2,2 милијарди евра на Европската централна банка. Ако тоа не се случи, на властите во Атина им се заканува банкрот и излез на земјата од еврозоната.

 

Се предвидува да се зголеми и таксата и да се воведе нов данок за хотелите и сместувачките капацитети што значително ќе ја зголеми цената на туристичките услуги во земјата која е една од традиционалните дестинации за македонските туристи.

Покрај ова се најавува и можноста за значително поскапување на горивото преку зголемување на акцизите како и нова нагорна корекција на ДДВ.

 
 
06.05.2016 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега