ЛИЦЕМЕРИЕ: Спасовски денес се сликаше со бранителите, лани со помагачите на терористите во Диво насеље

Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од СДСМ денес покажа што е лицемерно однесување.

Тој лани по трагедијата кај Диво насење со партискиот лидер Зоран Заев наместо да ги посети повредените бранители, отиде кон Куманово и си правеше насмеани “селфи“ фотографии со оние кои им помагаа на терористите.

Еден ден откако загинаа 8 македонски херои, Спасовски отиде во Диво насеље и се фотографираше со оние кои ги криеја терористите во своите домови и им помагаа пред кобниот ден.

zaev-divo-naselje2

zaev_spasov_divonaselje

Денес, Спасовски лицемерно се фотографираше со колегите на загинатите бранители.

spasovski-so-braniteli

spasovski-branitelite2

Неговите сопартијци и високи функционери на СДСМ, цела година го злоупотребуваат овој настан, објавуваат манипулации и невистини. Тие се исмеваа и со оние кои го положија животот во одбрана на Македонија.

Со смртта на македонските херои тогаш се исмеваше и партискиот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов.

silegov-kamaj

Гласноговорникот на СДСМ, Тричковски, во свој познат безобразен, морбиден стил тој ден посака да има уште повеќе жртви:

bt2

Пред само неколку недели, поддржувачите на СДСМ кои дивејат низ Скопје, кршат, уништуваат и маваат по полиција, посакаа на припадниците на безбедносните сили да им се повтори Куманово. Со тоа директно порачаа дека треба да има уште жртви меѓу нашите херои.

 
 
 
06.05.2016 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега