Грција: Пензиите ќе се намалуваат, расте ДДВ и акцизите - владин проект за излез од кризата

Парламентот на Грција гласаше за владиниот проект на пензиската реформа и промена на социјалното осигурување.

Поддршката дојде од 153 пратеници од владиниот блок на Коалицијата на радикалните леви сили (СИРИЗА) и “Независни Грци” во 300-члениот еднодомен парламент. Против (143 гласови) беа парламентарците од опозициските партии.

Новите закони предвидуваат намалување на дел од пензијата, постепена ликвидација на професионалните осигурителни фондови, зголемување на ДДВ, воведување на голем број на акцизи и даноци на тутунот, бензинот, дизелот, природниот гас, како и интернет и телевизија.

Се зголемуваат и даноците на малите и средните претпријатија. Од 1 јануари 2017 година ќе се воведат дополнителни даноци врз потрошувачката на кафе, употребата на електронските цигари и ноќевањата во хотелите со повеќе од две ѕвезди.

 
 
09.05.2016 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега