Министерот Попоски во дводневна работна посета на Брисел

Од денеска министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, престојува во дводневна работна посета на Брисел.

Македонскиот министер за надворешни работи ќе претседава со десеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија. 

Во рамки на македонската делегација ќе биде и вицепремиерот за европски прашања на Македонија, Фатмир Бесими, а на средбата ќе присуствува и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

За време на престојот во Брисел, предвидено е министерот Попоски да оствари средби со повеќе високи претставници од европските институции, меѓу кои високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон, министерот за надворешни работи на Република Литванија, Линас Линкевичиус и со комесарот за проширување Штефан Фуле“, се наведува во соопштението од МНР.

ФОТО: Кајгана

најчитано сега